Лејди Гага си избричи дел од главата. Но, таа со новата фризура не го следи холивудскиот тренд на бричење на страничниот дел од главата над увото. 26-годишната пејачка целосно ја скрати косата на половина од задниот дел од главата и објасни дека го направила во чест на мајката на фотографот Тери Ричардсон која почина вчера.
„Го направив за тебе Тери. Жал ми е за твојата мајка“ – напиша таа на Twitter и ја објави новата фризура.
На втората објавена фотографија Лејди Гага покажа дека нејзината нова фризура е непроменета однапред. „Но, сè уште го имаме гламурот однапред. ARTPOP“ – напиша Гага.
Ексцентричната пејачка и контроверзниот Тери Ричардсон се зближија во последниве неколку месеци, бидејќи тој ја следи насекаде на нејзината нова светска турнеја.
И Тери објави на својот сајт дека неговата мајка починала. Последните десетина фотографии на неговиот сајт ги покажуваат последните мигови од животот на мајка му во соба за интензивна нега.