Леонардо Дикаприо со сериозен изглед шармира од корицата на „Esquire“. Популарниот
Во интервјуто, филмската ѕвезда зборува за големиот успех на филмот Титаник, за тоа што го мотивира да се движи напред на професионален план и за статусот сингл.
За успехот поради Титаник: „Навистина не разбирав што е славата и не разбирав што значи да си во огромен хит и не разбирав каков огромен хит беше Титаник во споредба со другите огромни хитови. Немаше книга со правила. Немаше никој за да ме води низ искуството на тоа да сум набљудуван постојано и немаше никој за да ми каже како да бидам нормален кога сите глумат и ме гледаат поразлично“.
За движечката сила во кариерата: „Навистина е како да си добил на лотарија ако имаш кариера. Отсекогаш сум си велел: Ок, сега имам можност, доволно сум среќен да ја добијам оваа шанса и ако не ја искористам најдобро што можам, ако не се скапам од работа и не направам живот од неа, тогаш сум ја прокоцкал златната можност. Тоа е она што ме движи напред.“
За статусот сингл: „Кога си шест месеци на снимање на одредена локација или во Мароко или на друго слично место, тоа не е најдобро време за врска.“
Наредниот месец ќе биде премиерата на долгоочекуваниот нов филм на Дикаприо, „The Great Gatsby“. Погледнете го трејлерот: