Леонардо Дикаприо го поминува најголемиот дел од времето во Њујорк, па се обидува да ја продаде својата куќа на плажа во Малибу.
38-годишниот актер го продава својот дом за 18,9 милиони долари, што е за 4 милиони помалку од продажната цена која ја објави минатата година.
Имотот е составен од три одделни објекта, кои вклучуваат 7 спални соби, 6 бањи, 2 кујни, соба за вежбање и голема тераса со поглед кон плажата.
Дикаприо неодамна беше фотографиран со својата нова девојка, манекенката Тони Гарн, додека возеле велосипед низ Мајорка.