Пред неколку дена „National Geographic“ објави дека Леонардо Дикаприо донирал 3 милиони долари за зачувување на океаните, а деновиве повеќе странски сајтови за недвижни имоти известуваат дека славниот актер издвоил 5,2 милиони долари за купување на нов имот.
Само неколку дена пред да биде откриено дали за првпат ќе добие Оскар, Лео станал сопственик на модерен луксузен дом во Палм Спрингс, Калифорнија.
Куќата, во која има 6 спални соби и 7 бањи била изградена во 60-тите години за американската пејачка и актерка Дина Шор. Освен гостинска куќа, на имотот има и базен и тениско игралиште.