Кристијано Роналдо и неговата девојка Ирина Шајк не може да останат незабележани кога ќе се појават на плажа. Популарниот пар бил забележан додека уживал во Сен Тропе и се забавувал на плажа.
26-годишната Русинка ги покажа посакуваните облини во интересен костим за капење и игриво се „бореше“ во водата со добро градениот фудбалер.
Очигледно Ирина и Кристијано одлучија да поминат повеќе време заедно по краткиот период во кој беа разделени. 27-годишниот фудбалер играше на Европското првенство во фудбал, а неговата девојка беше ангажирана од брендот Morellato во Шпанија.
Ако може да им се верува на гласините во таблоидите, Роналдо и Ирина планираат уште ова лето да ја крунисаат својата љубов со брак.