Кристијано Роналдо ја освои наградата „Златна топка“. На свечената манифестација на која беше прогласен за најдобар фудбалер, Роналдо се појави заедно со својот тригодишен син и својата девојка Ирина Шајк.
Преку емотивен говор 28-годишниот фудбалер им се заблагодари на сите кои го поддржувале и му овозможиле да стигне таму каде што е сега.
„Нема зборови кои би можеле да го опишат овој момент“ – рекол Роналдо, без да ги крие солзите, додека до него стоел неговиот мал син, Роналдо Џуниор.
Кристијано му ја „одзеде“ посакуваната титула на Лионел Меси, кој ја добиваше четири години по ред.