Кристијано Роналдо и Ирина Шајк ставија крај на 5-годишната врска. Веста за раскинувањето ја потврди претставник за јавноста на славната Русинка.
„Можеме да потврдиме дека Ирина Шајк ја прекина 5-годишната врска со Кристијано Роналдо. Таа беше блиска со неговото семејство во текот на нивната врска. Негативните гласини за Ирина и семејството на Роналдо се целосно лажни и немаат удел во причината за разделбата“ – се вели во соопштението испратено од тимот на Ирина.
Странските медиуми известија дека наводно причина за разделбата е тоа што привлечната Шајк одбила да присуствува на забава која Роналдо ја организирал за да ја изненади својата мајка по повод нејзиниот 60. роденден. Всушност, тоа била последната капка што ја прелеала чашата. Се шпекулира дека парот неколку месеци се соочувал со љубовни проблеми.
Гласините за разделбата започнаа откако Ирина објави фотографии за својот 29. роденден од егзотично патување без Роналдо, а се засилија кога таа не се појави на доделувањето на наградата „Златна топка“, која заврши во негови раце.