Кристијано Роналдо беше вистински победник на синоќешната манифестација LFP Awards, одржана во Мадрид, Шпанија.
29-годишниот фудбалер освен што беше прогласен за најдобар играч во Примера за сезоната 2013/2014, ги прими и наградите за најдобар гол и најдобар напаѓач.
На црвениот тепих пред почетокот на свеченоста, Роналдо зачекори заедно со својата девојка Ирина Шајк. Славната манекенка изгледаше прекрасно во црвен долг фустан со минимални отсечоци на половината од Love Republic.
Модниот избор на Ирина не е изненадување ако се земе предвид фактот дека таа е заштитно лице на брендот и неодамна ја сними кампањата пролет/лето 2015.