Кристина Агилера измами комплименти со својот изглед на прес-конференција организирана од телевизијата NBC.
32-годишната пејачка ја покажа својата фит фигура во краток розов фустан од Азедин Алаја и обувки од Кристијан Лобутин и многумина се согласија дека Кристина никогаш не изгледала подобро.
Во изминатиов период музичката ѕвезда беше критикувана поради зголемувањето на тежината. Иако таа неколкупати јавно изјавуваше дека е среќна со позаоблената фигура, очигледно одлучила дека е подобро да се врати во форма.
На прес-конференцијата Агилера зборувала за своето излегување од шоуто „The Voice“. Додека таа правеше една година пауза, Шакира го пополнуваше нејзиното место во жирито. „Морав да се повлечам... Фала му на Бога за Шакира. Таа заврши одлична работа, има слатка, прекрасна енергија“ – изјавила Агилера.