Иако новиот албум на Кристина Агилера „Bionic“ не го доживеа успехот којшто се очекуваше, таа постојано работи на негово промовирање. Вчера својата премиера на Vevo ја доживеа и спотот за „You Lost Me“.
Кристина го остави агресивниот и провокативен изглед од „Not Myself Tonight“ и покажа многу нежност и женственост во новиот спот, кој е режиран од Ентони Медлер.
„You Lost Me“ е моќна балада која бара гласовни способности какви што само малку луѓе поседуваат, а Кристина е една од нив.