Кристен Стјуарт привлече многу внимание на премиерата на филмот „On The Road“ на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, затоа што тоа беше прво нејзино појавување во јавност по големиот скандал со аферата со женетиот режисер.
Со насмевка Кристен се соочи со големата група новинари и фанови. Дури и да имаше трема, ѕвездата од „Twilight“ сигурно се опушти кога ги виде рачно напишаните пораки од нејзините верни обожаватели. Написите порачувале: „Талент, убавина, сила и храброст – Ќе стоиме до Кристен засекогаш“ и „Секогаш сме со тебе Кристен Стјуарт“.
23-годишната актерка блескаше во фустан на Зухаир Мурад и обувки Џими Чу.
Во филмот „On The Road“ Кристен глуми заедно со Кирстен Данст и Герет Хедлунд.
Во истото време, во Лос Анџелес поранешното момче на Кристен, Роберт Патинсон, заедно со Тејлор Лотнер на сцената на MTV VMA објавија нов тизер за последниот трејлер за „The Twilight Saga: Breaking Dawn – Part 2“. Погледнете го: