Кралицата Летиција изгледаше отмено и префинето за време на официјална посета на Париз со својот сопруг, кралот Фелипе.
За средбата со претседателот на Франција, Франсоа Оланд, која се одржа во Елисејската палата, 42-годишната кралица на Шпанија избра елегантен бордо фустан и чантичка од својот омилен дизајнер Фелипе Варела и обувки од шпанскиот бренд Lodi.










На првата средба со Оланд, Летиција се појави во класична бежова креација која исто така ја потпишува Фелипе Варела. Својот стајлинг таа го ја комплетираше со обувки со змиски принт од Каролина Ерера, чантичка од Фелипе Варела и обетки од Моника Винадер.




За време на престојот во Париз, кралскиот пар имаше и средба со премиерот на Франција, а посети и изложба на уметнички дела од Диего Веласкез.









Кралот Фелипе го наследи тронот од својот татко Хуан Карлос пред една година. Парот, кој стапи во брак во мај 2004 година, има две ќерки 9-годишната Леонор и 8-годишната Софија.