Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Кира Најтли се омажи во фустан кој го носеше и пред пет години

ФОТО: Кира Најтли се омажи во фустан кој го носеше и пред пет години

Кира Најтли стапи во брак со Џејмс Рајтон за време на интимна церемонија во Мазан, Франција. Но, наместо да избере скапа венчаница специјално направена за големиот ден, 28-годишната актерка „ископа“ невестински фустан од својата стара гардероба.

Кира и ЏејмсКира и Џејмс на свадбениот ден Лево: Кира на денот на свадбата Десно: Кира на забава во 2008 година

Филмската ѕвезда го кажа судбоносното „Да“ во нежен балерина фустан кој е идентичен на фустанот од Rodarte кој таа го носеше на забава по повод БАФТА наградите во 2008 година, каде присуствуваше со поранешното момче.

Кира и РупертКира и поранешното момче Рупер Френд во 2008 година

За свадбениот ден Кира го комбинираше фустанот со сако Шанел, очила за сонце Реј Бан и балетанки Џими Чу. Скромната свадбена церемонија траела околу половина час.

Се очекуваше Кира да носи венчаница креирана од самиот Карл Лагерфелд, поради нејзината долгорочна соработка со Шанел, но наводно актерката ја одбила понудата на големиот дизајнер.

Кира и Џејмс

Кира и Џејмс се свршија во мај 2012 година, околу година дена откако беа видени заедно за првпат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.