Почетна » Новости » Мода » ВИДЕО: Кира Најтли е смела заводничка во реклама на Шанел

ВИДЕО: Кира Најтли е смела заводничка во реклама на Шанел

Кира Најтли блесна во уште една реклама на Шанел. 25-годишната актерка ја има главната улога во 3-минутата реклама за парфемот Coco Mademoiselle.

На почетокот на видеото Кира се буди гола во својот кревет, облекува тесен костим во тркачки стил и лудо вози огромен мотор низ улиците на Париз, додека во позадина се слуша песната „It's a Man's Man's Man's World“.

Потоа, Кира стигнува на фотосесија со згоден фотограф и двајцата веднаш започнуваат да флертуваат еден со друг. По барање на фотографот, кој всушност е Аргентинецот Алберто Аман, сите други вработени излегуваат и фотосесијата станува интимна. Прекрасната актерка смело се разголува пред Алберто и кога тој по нејзино барање оди да ја заклучи вратата, таа бега преку прозорецот и го остава збунето да стои на балконот.

„Коко Шанел на модерното време, чија мистерија, храброст и бунтовништво се во срцето на нејзиниот шарм“ – со овие зборови е опишана улогата на Кира во интересната реклама.

Познатата актерка е рекламно лице на Шанел од 2006 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.