Ана Каренина е еден од најфасцинантните ликови во литературата, а познатото дело кое го опишува животот на оваа трагична хероина отсекогаш предизвикувало восхит. Па, не е изненадување што Холивуд реши повторно да ја пренесе оваа приказна на големиот екран.
Се појави првиот трејлер за филмот „Ана Каренина“, во кој главната улога ја има Кира Најтли. Видеото ја покажува Русија во деветнаесеттиот век, фокусирајќи се на руската аристократија и на љубовниот триаголник меѓу Ана, нејзиниот сопруг Алексеј (Џад Лоу) и нејзиниот љубовник Вронски (Арон Џонсон).
Комплицираниот лик на Ана Каренина бил голем предизвик за Кира и таа признава дека тоа е најтешката улога која ја имала досега. „Беше неверојатно. Дефинитивно беше најтешкото нешто што го имам направено. На брилијантен начин. Очигледно Толстој беше гениј и сметам дека причината поради која неговите книги траат толку време е затоа што се комплексни и го прикажуваат најдоброто кај човештвото и најлошото од човештвото, честопати во еден лик. Балансирањето на сите тие нешта во една личност беше навистина тешко“ – изјавила таа.