Кира Најтли е таинствена убавица во новата реклама за парфемот „Coco Mademoiselle“ на францускиот бренд Шанел.
Видеото режирано од Џо Врајт е спој на романса, мистерија и авантуристички дух. Во него Кира заведува згоден маж на забава, додека во позадина се слуша „The Way She Looked“ од The Zombies.
За кампањата 28-годишната филмска ѕвезда носи гламурозен фустан од високата мода на Шанел.
Познатата актерка е рекламно лице на Шанел од 2006 година.