Ким Кардашијан го прослави својот 32. роденден со стил и тоа благодарение на Кание Вест. Познатиот рапер ја изненадил Ким со романтично роденденско патување во Италија.
Популарниот пар бил забележан на неколку локации во Рим, Фиренца и Венеција. Вчера двајцата ја разгледувале убавата Венеција, привлекувајќи големо внимание. Ким носела бел фустан од тантела, црни чизми со отворени прсти и црвена чантичка која одлично си одговарала со црвената роза подарена од Вест.
Претходно славната ТВ ѕвезда и нејзиниот сакан биле на вечера во ресторан во Рим, каде што повторно ги привлекле погледите на присутните, особено затоа што Ким се пресоблекла во текот на вечерта.
„Најмногу ме изненади тоа што Ким влезе облечена во една облека, а си замина облечена сосема поинаку. Кон средината на вечерата шоферот дојде со голема торба. Ким влезе во тоалетот и се пресоблече. Некои од нашите гости и претходно беа воодушевени од нејзиното присуство, а уште повеќе беа изненадени кога се појави со сосема поразличен изглед“ – изјавил сопственикот на ресторанот.
Славеничката пристигнала во црн фустан со висок шлиц, а си заминала во темнозелен фустан на Ланвин.