Кетрин Зета-Џонс и Ли Бен Хон се заљубен пар за августовското издание на „Elle“ Кореја. Заедничката фотосесија е инспирирана од нивната соработка за филмот „Red 2“.
43-годишната актерка изгледа елегантно во креации на Келвин Клајн, Долче и Габана и Луј Витон, додека позира во прегратката на 43-годишната филмска ѕвезда од Јужна Кореја.
Моментално Кетрин и Ли го промовираат „Red 2“ заедно со своите колеги Брус Вилис, Хелен Мирен и Мери-Луиз Паркер.