Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс се на семеен одмор на Мајорка со нивните две деца.
76-годишниот актер и 51-годишната актерка беа фотографирани додека јадеа сладолед со 18-годишната ќерка Карис и 20-годишниот син Дилан. Славното семејство беше во лежерно издание додека уживаше на шпанскиот остров.
На една од папараци фотографиите, Мајкл ја прегрнува Карис.
Даглас пред неколку дена сподели фотографии од дипломирањето на Карис.
„Честитки за Карис и целиот клас од 2021! Со мајка ти се гордееме со тебе и многу сме возбудени за твојата иднина, бидејќи најдоброто допрва доаѓа. Тато“ – напиша холивудскиот актер.