Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Кети Пери е поп-ѕвезда во црвено и розово за „Harper’s Bazaar“

ФОТО: Кети Пери е поп-ѕвезда во црвено и розово за „Harper’s Bazaar“

Кети Пери моментално го обиколува светот благодарение на многуте закажани концерти во рамките на музичката турнеја Prismatic. А за време на една од паузите, таа сними елегантна фотосесија за „Harper’s Bazaar“.

Актуелната пејачка позираше во црвени и розови креации од Шанел, Џорџо Армани, Фенди, Каролина Ерера и Прабал Гурунг, како и модни додатоци од Хари Винстон, Кристијан Лобутин и Оскар де ла Рента, пред популарната фотографка Камила Акранс.

Кети Пери Кети Пери Кети Пери

Наскоро Пери ќе го прослави својот 30. роденден. За влегувањето во новата деценија од животот, таа рекла: „Имам слушнато дека 30-тите години се подобра верзија на 20-тите, бидејќи знаеш што сакаш за себе.“

Во интервјуто за списанието, Пери открила и што сака да поседува нејзиниот иден партнер: „Отсекогаш ме привлекувале џентлмени со богат вокабулар... Смисла за хумор – некој што ќе ме смее, некој што е чувствителен, некој што ја сака и разбира музиката и кој е навистина умен.“

Кети Пери Кети Пери Кети Пери

Од турнејата Prismatic се очекува Пери да заработи околу 100 милиони долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18973 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.