Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Јавање камили, посета на пирамиди... Фотографиите на Кети Пери од роденденското патување во Египет со Орландо Блум

Јавање камили, посета на пирамиди... Фотографиите на Кети Пери од роденденското патување во Египет со Орландо Блум

Кети Пери го прослави својот 35-ти роденден во Каиро.

Славната музичка ѕвезда отпатува во Египет со својот свршеник Орландо Блум и 63 роднини и пријатели. Големата група 10 дена патуваше по реката Нил, јаваше камили низ пустина и уживаше во зајдисонцето додека ги разгледуваше пирамидите.

Кети, Орландо и нивните пријатели споделија фотографии на Instagram од роденденското патување во Северна Африка.

Роденденот на Кети Пери Роденденот на Кети Пери Роденденот на Кети Пери Роденденот на Кети Пери Роденденот на Кети Пери

„Старите Египќани верувале дека кога еден човек ќе почине, неговото срце треба да биде измерено. Тоа мора да биде полесно од пердув за да се квалификува за задгробен живот. Мајка ми ме нарекуваше пердув уште кога бев мало девојче и се надевам дека откако сè ќе заврши, срцето ќе ми тежи колку пердув. Вака изгледа 35“ – напиша Пери на Instagram.

Еден од нејзините пријатели сподели дека Пери побарала од своите гости како роденденски подарок на секој оброк да седат на маса со различна личност. Целта била сите да стекнат нови пријатели и да создадат прекрасни спомени.

„Како да создадеш моќна врска за 10 дена? Собери 64 луѓе, избрани од музичката божица Кети Пери, остави ги да живеат на брод кој ќе плови по реката Нил со ЕДНО нејзино барање – секој од нас да излезе од својата комфорна зона и на секој оброк да седи со различна личност. Тоа би било нашиот роденденски подарок за неа. Тоа е мојата сестра, мојата пријателка, несебичната Кети. Покрај величествениот подарок на патувањето, таа му подари на секој од своите пријатели спомени за нови пријателства и врска која само ние ќе ја споделуваме до крајот на нашите животи. Јас му сум повеќе од благодарен на универзумот што нè спои заедно во овој живот и со нетрпение ги чекам многуте спомени со тебе и со нашето пошироко семејство кое го нарекуваме пријатели“ – напиша тој.

Роденденот на Кети Пери Роденденот на Кети Пери Роденденот на Кети Пери Роденденот на Кети Пери Роденденот на Кети Пери Роденденот на Кети Пери Роденденот на Кети Пери Роденденот на Кети Пери Роденденот на Кети Пери Роденденот на Кети Пери Роденденот на Кети Пери Роденденот на Кети Пери

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20844 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.