Страсната црвена боја доминира во модниот едиторијал на Кендис Сванапул за „Вог“ Мексико. Јужноафриканската убавица изгледа занесно убаво во дамски креации на Долче и Габана, Антонио Берарди, Валентино, Версаче, Селин, Сен Лоран и DKNY.
За максимална привлечност, романтизмот на црвената боја на моменти е во допир со чистотата на белата боја и надополнет со модни додатоци како златен накит и бижутерија, крзнен шал или женствен шешир.
Сензуалните фотографии се дело на познатиот фотограф Мариано Виванко.
Погледнете и видео од снимањето на едиторијалот.