Каспер Смарт ѝ ги покри очите на Џенифер Лопез со марама за да ѝ приреди роденденско изненадување. 25-годишниот танчар организира луксузна забава на јахта по повод 43. роденден на славната пејачка.
Облечена во прекрасен фустан на Том Форд, Џенифер блескаше од среќа кога ја здогледа јахтата декорирана со црни, сребрени и бели балони, а на која беа блиски пријатели и роднини.
Насмевката на лицето на Џеј Ло стана најширока кога пред нејзините очи беше донесена роденденската торта во форма на мече. „Happy Bithday BEAR!“ – пишува на розовото мече со панделка на главата.
Смарт беше фотографиран на јахтата во Менхетен претходниот ден, додека ги надгледуваше последните подготовки за забавата.