Каролина Гочева е новото заштитно лице на „Avon“. Македонската музичка ѕвезда ги објави првите промотивни фотографии на Facebook.
„Драги мои! Ми претставува огромно задоволство да ве известам за соработката со светскиот бренд Авон. Пресреќна сум што ме избраа баш мене да ги претставувам. Повелете, погледнете дел од фотографиите кои пред неколку месеци ги изработивме во Варшава, Полска“ – пишува Каролина на популарната социјална мрежа.








35-годишната пејачка сподели и фотографии од „зад сцената“.







