Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Камерон Дијаз провокативна во „Esquire“

ФОТО: Камерон Дијаз провокативна во „Esquire“

Камерон Дијаз позираше во секси облека и во провокативни пози пред фотографот Тери Ричардсон. Фотографиите за британското списание „Esquire“ се фокусираат на одржаното тонирано тело на 40-годишната актерка.

Во интервју за списанието Дијаз открила дека е среќна што е сингл и дека се чувствува подобро во своето тело, отколку што се чувствувала кога имала 25 години.

Камерон Дијаз Камерон Дијаз

За влегувањето во петтата деценија од животот Камерон изјавила: „За прв пат во животот се чувствувам задоволна. Многу сум возбудена. Стареењето е најдобриот дел од животот. Знам повеќе отколку сум знаела во минатото. Знам да бидам благодарна. Се познавам себеси подобро. Се чувствувам поспособна отсекогаш. А, физички – се чувствувам подобро на 40 отколку што се чувствував на 25.“

Камерон Дијаз

Камерон ги негирала гласините дека користи Ботокс и рекла дека својот изглед го одржува со редовно практикување на пилатес.

Камерон Дијаз Камерон Дијаз

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19097 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.