Почетна » Новости » Истражувања » Камерон Дијаз и Џулија Робертс се „најопасни“ онлајн

Камерон Дијаз и Џулија Робертс се „најопасни“ онлајн

Камерон Дијаз, Џулија Робертс и Џесика Бил се рангирани како најопасни славни личности ако се обидувате да најдете резултати за нив во интернет пребарувачите, затоа што лесно можете да го заразите вашиот компјутер со вирус.

Камерон Дијаз Секој десетти резултат на интернет за Камерон Дијаз води до ризичен веб сајт

Истражувачите во изминатава година откриле повеќе од 6 милиони различни случаи на злонамерно програмирање (по околу 60 000 дневно). Тие предупредуваат дека хакерите и онлајн измамниците создаваат сајтови со „штетен“ код преку коишто се обидуваат да стигнат до приватните податоци на интернет корисниците.

Користењето на сомнителни сајтови крие опасност. Па, така преку кликање на ваквите сајтови корисниците можат да се заразат со вирус. Кога еднаш компјутерот е заразен, измамниците можат да ги крадат лозинките на жртвите и потоа да ги злоупотребуваат.

Експертите предупредуваат дека секој десетти резултат во пребарувачите за Камерон Дијаз води до ризичен веб сајт. Дури една петтина од веб сајтовите кои ќе ви се појават како резултат за пребарувањето „Cameron Diaz screensavers“ се заразени со злонамерен код.

На второ место на оваа листа се наоѓа името на Џулија Робертс. Ако се обидете да преземете слики или постери од Џулија Робертс, во 20% од случаите може да го заразите вашиот компјутер со вирус.

На трето место на листата е Џесика Бил, а во топ 10 се најдоа и Жизел Бундхен, Адриана Лима и Хајди Клум.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.