Екстремно ретки се моментите кога Камерон Дијаз се појавува во јавност со малата ќеркичка, а еден таков специјален повод беше свадбата на Софија Ричи.
На церемонијата во јужна Франција, 50-годишната актерка пристигна за рака со малата Радикс и сопругот Бенџи Меден.
Русокосата холивудска ѕвезда и нејзиниот партнер носеа црни модни комбинации, додека малото девојче изгледаше слатко во розово фустанче со црвени детали и чизмички.
Славното семејство беше фотографирано и по пристигнувањето во хотелот.
Камерон и Бенџи стапија во брак во 2015 година, а веста за раѓањето на нивната ќеркичка ја објавија во јануари 2020 година.
@tambaurlon #camerondiaz #benjimadden #sofiarichie #sofiarichiegrainge #weddingweek #southoffrance #weddingtok #fashion #fashiontiktok #fashiontok #fyp #tamtonight #ootd #thatshautepod #timetotimetv #elliotgrainge #sofiaandelliot #goodcharlotte ♬ original sound - tambaurlon