Анџелина Џоли никогаш не останува незабележана. Штотуку објавени фотографии од младоста на Џоли покажуваат дека познатата актерка уште на 14-годишна возраст поседувала самоуверен став.
На една од фотографиите, Анџелина носи светол сатенски фустан на нејзината полуматура, а на друга фотографија од полуматурата позира заедно со својата пријателка Евелин Ангвари.
Препознатливите полни усни и крупни очи ѝ помогнале на Џоли уште во тинејџерските години да стане модел и главно работела во Лос Анџелес, Њујорк и Лондон. Анџелина го засакала актерството благодарение на својата мајка. Додека била мала, Џоли редовно гледала филмови со мајка си, Маршелин Бертранд, која се откажала од актерството за да може да се фокусира на своите деца.
Дел од новите фотографиите јасно го издаваат бунтовничкиот дух на Анџелина, кој сега 37-годишната актерка успешно го скротува.
Денес славната свршеница на Бред Пит е една од најпознатите актерки во Холивуд, мајка на шест деца и истакната хуманитарка.