Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Како изгледа Џои од „Пријатели“ сега

ФОТО: Како изгледа Џои од „Пријатели“ сега

Иако изминаа речиси 20 години откако серијата „Пријатели“ започна да привлекува публика пред телевизиските екрани и 10 години од емитувањето на последната епизода, најлојалните обожаватели не ја имаат заборавено фразата „How you doin'?“ и ликот кој стои зад неа – Џои Трибијани.

Мет Лебланк, актерот кој една деценија го глумеше големиот женкар во „Пријатели“, не го негира фактот дека секогаш ќе биде познат како Џои. „Секогаш ќе бидам познат поради „Пријатели“, а тоа е ОК за мене... Многу сум горд на тоа. Не би променил ништо“ – изјавил тој за пролетното издание на „Boston Common“.

Мет Лебланк Мет Лебланк Мет Лебланк

Седата коса на 46-годишниот актер не е изненадување за оние кои одблиску ја следат неговата кариера, бидејќи тој јавно има признато дека имал седа коса и во текот на снимањето на „Пријатели“, но дека си ја бојадисувал.

Мет Лебланк

Моментално Мет е фокусиран на својата нова серија „Episodes“, во која глуми измислена верзија на Мет Лебланк. „Тоа е измислен лик. Само што има исто име како моето“ – рекол тој.

„Пријатели“ е една од најуспешните серии снимена кога било досега. Привлекуваше огромна публика, а главните актери ги претвори во огромни ѕвезди кои на крајот заработуваа по 1 милион долари од секоја епизода.

Пријатели Пријатели

„Најчудното нешто беше кога влегуваш во просторија, ресторан, бар, кино или на кое било друго место каде што има многу луѓе, сите запираат да го прават она што го прават и забележуваат дека си таму. И те познаваат или си мислат дека те познаваат – го знаат твоето име, знаат што работиш, знаат колку заработуваш, знаат од каде си, но за тебе сите тие се непознати“ – изјавил Мет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19041 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.