Ирина Шајк дефинитивно знае како да го сврти вниманието кон себе, каде и да се појави. Убавата Русинка пред само два месеци го роди првото дете, а веќе со гордост ја покажува својата фигура.
31-годишниот модел го истакна својот сексапил во две црни проѕирни креации во ист ден во Кан. На галата по повод 20-тиот роденден на L'Oréal, убавата Русинка заведуваше во мрежест црн фустан.











Претходно, атрактивната избраничка на актерот Бредли Купер пруствуваше на премиерното прикажување на „The Beguiled“, а за настанот избра креација од колекцијата есен 2017 на модната куќа Balmain.






Шајк се породи во март годинава, а само еден месец по породувањето ја покажа одличната фигура во бикини.
