Златното момче на Холивуд, Бред Пит, пристигна во Кан и стави искра во женските погледи. Славниот актер позираше во кежуал сив костум и бела маичка со „V“-израз. Иако на неговото лице беа видливи нежни линии, Бред докажа дека годините не го уништиле неговиот привлечен изглед.
48-годишниот актер присуствува на Канскиот филмски фестивал за да го промовира својот нов филм „Killing Them Softly“.
На прес-конференцијата Бред ги заглуши гласините дека планира свадба со Анџелина Џоли ова лето и откри дека поради преголемата зафатеност сè уште немаат одредено датум.
„Навистина немаме одредено датум“ – изјавил тој и потенцирал дека сè уште се надеваат дека пред нивната свадба ќе се донесе закон во САД со кој ќе се овозможи брак помеѓу претставници на ист пол.
Бред објаснил и дека Енџи не присуствува на Канскиот филмски фестивал поради сопствени ангажмани. „Таа не е тука моментално. Се подготвува за филм кој ќе започне наскоро“ – дополнил тој.
Во филмот „Killing Them Softly“ Бред Пит е во улогата на платен убиец. Пред новинарите тој признал дека не му било тешко да се внесе во улогата. „Многу потешко ќе ми биде да глумам расист отколку личност што пука во лицето на некој друг. Живееме во многу насилен свет. Не гледам свет без насилство“ – изјавил тој.