Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Таткото ја заборави невестата додека чекореше кон олтарот, стана вирален хит

ВИДЕО: Таткото ја заборави невестата додека чекореше кон олтарот, стана вирален хит

Интересен свадбен момент насмеа милиони лица низ светот.

Еден татко го заборави најважното додека чекореше кон олтарот – невестата. Видеото од моментот стана вирален хит на социјалните мрежи. Погледнете го:

@dailymailuk A hilarious moment as a father made his way down the aisle, but forgot the bride! Luckily when he got told about his mistake the wedding was able to continue, and it even got a mention in his speech! SWNS #wedding #weddingday #marriage #funny #weddingtok ♬ original sound - Daily Mail UK

Имено, Нил Кросли од Јоркшир требало да ја одведе ќерка си Ејми до нејзиниот избраник кој ја чекал пред олтарот. Поради недоразбирање со свадбените организатори, тој започнал сам да се движи кон зетот, не сфаќајќи дека Ејми чека зад него.

Нил Кросли Нил Кросли Нил Кросли Нил Кросли Нил Кросли

Нил имаше можност по вторпат да чекори кон олтарот, но овој пат заедно со неговата ќерка.

Нил Кросли Нил Кросли

Не постоеше ненасмеано лице во просторијата.

„Се работеше за чисто недоразбирање меѓу татко ми и персоналот. Тој мислеше дека тие му рекоа да оди кога тие всушност му рекоа да ме почека.“

„Тоа беше совршен тајминг и нè насмеа сите – мене, мојот сопруг и сите наши прекрасни пријатели и роднини. Тоа беше специјален момент кој никој од нас нема да го заборави“ – изјавила Ејми.

Нил Кросли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20155 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.