И покрај тоа што го напушти родното место и живее во САД, Ирина Шајк одржува блиски односи со своето семејство. Славната Русинка сподели фотографија од момент на разубавување со сестра си Татјана, а фановите не ги штедеа комплиментите за нивниот привлечен изглед и сестринска љубов.
На Instagram фотографијата, Ирина има сребрена, а Татјана златна маска на лицето. Златната маска е често користена од холивудските убавици и е направена од 24 каратно злато.

Татјана е неколку години постара од Ирина. Таа дипломира на Економскиот факултет на Универзитетот во Чељабинск, сè уште живее во Русија и е во брак со бизнисменот Александер Петенков. Заедно тие имаат две деца – ќерката Ирина и синот Максим, од кои Петенкова постојано објавува фотографии.







Татјана и Ирина се ќерки на учителката по музичко Олга и рударот Валери Шајкисламов, кој починал од пневмонија кога тие биле во тинејџерските години.













