Селин Дион е една од дамите со најголема заработка во шоу-бизнисот, па очекувано нејзиниот дом е луксузен и екстравагантен. Славната 44-годишна пејачка и нејзиниот сопруг Рене Анжелил го продаваат својот замок сместен на приватен остров во Канада и најпосле нивните обожаватели имаат можност да ѕирнат во домот, достоен за кралица.
Замокот е проширен и реновиран од Селин и Рене во 2001 година и се простира на површина од 2.230m2. Вклучува 6 спални соби, 6 бањи, 3 трпезарии од кои едната е официјална и има голема маса за 18 лица, библиотека и прекрасна винарска визба.
Селин и Рене одлучиле да се разделат од прекрасниот дом зашто најголем дел од своето време го поминуваат во САД. „Најмногу сме во Флорида, Рене-Чарлс оди на училиште таму. И се разбира, имаме обврски во Лас Вегас поради Селин“ – изјавил Рене.
Поради високата продажна цена од 29 милиони долари, имотот на Селин се вбројува меѓу петте најскапи домови во Канада.
Замокот е заграден со високи порти и ограда, но и покрај тоа привлекува многу туристи кои изнајмуваат бродови за да можат да се доближат до куќата и да ја фотографираат.
Погледнете и видео од замокот: