Каков татко, таков син.
Шакира објави слатка фотографија преку која ја покажа сличноста меѓу својот втор син Саша и Пике кога бил бебе. Судејќи по фотографијата, слободно може да се каже дека Саша е копија на својот славен татко.
38-годишната пејачка ја објави слатката фотографија по повод Денот на таткото, кој во Шпанија секоја година се одбележува на 19 март. „Среќен ден на таткото“ – пишува Шакира под фотографијата за да им го честита Националниот ден на таткото на жителите на Шпанија.
Ова не е прва фотографија која Шакира ја објавува од својот помал син. Непосредно по раѓањето на Саша, таа објави фотографија на која Пике гордо позира со малото новороденче.