Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ен Хетавеј низ објективот на Ени Либовиц за „Вог“

ФОТО: Ен Хетавеј низ објективот на Ени Либовиц за „Вог“

Ен Хетавеј изгледа елегантно и префинето на корицата на декемвриското издание на „Вог“. За модната библија, 30-годишната актерка беше фотографирана од легендарната Ени Либовиц.

Ен Хетавеј

На фотографиите Ен сè уште има кратка фризура и вели дека многу ѝ се допаѓа. „Полнам 30 години и се надевам дека не звучи одбивно, но се чувствувам поубава. Претпоставувам дека сега сум позадоволна со помалку“ – вели таа.

Ен Хетавеј Ен Хетавеј

Ен ја истрижа долгата коса за новиот филм „Les Misérables“, кој се снима според популарната книга на Виктор Иго, „Клетници“. Во филмот Ен влегува во улогата на Фантина, мајка која ја продава својата коса, предните заби и станува проститутка за да има доволно пари за својата ќерка.

„Фантина е борец за љубовта. Таа е склона да жртвува сè за своето дете – својот морал, својот изглед, својот живот“ – вели Ен.

Во интервјуто Ен открила дека за улогата на Фантина ослабела 12 килограми. Пред филмот симнала 5 килограми, а потоа јадела само по две тенки парчиња сува овесна паста дневно со цел за краток период да ослаби уште 7 килограми.

Ен во улогата на ФантинаЕн во улогата на Фантина

„Морав да бидам опсесивна – идејата беше да изгледам како да сум на работ на смртта“ – признала таа.

Ен неодамна беше под рефлекторите на медиумите поради венчавката со Адам Шулман. На свадбената церемонија таа носеше фустан од Валентино кој го дизајнирала заедно со славниот креатор. „Спомените од креирањето на венчаницата со него е нешто што ќе го чувам засекогаш. Тој некако ми ги читаше мислите и дизајнира фустан каков што отсекогаш сум посакувала“ – изјавила таа.

Ен во венчаницата од ВалентиноЕн во венчаницата од Валентино

Трејлер за „Les Misérables“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19088 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.