Емилија Кларк е новата ѕвезда на „Вог“ Велика Британија. 28-годишната актерка, која се прослави со улогата на Денерис Таргариен во серијата „Game of Thrones“, го краси мајското издание на списанието.
За едиторијалот „Couture Queen“, привлечната Англичанка позираше во креации од високата мода на Диор, Валентино, Версаче, Долче и Габана, Армани и Живанши. Италијанскиот фотограф Паоло Роверси бил задолжен за фотографиите.








За насловната страница Кларк се појавува со руса коса, по повод премиерата на петтата сезона на „Game of Thrones“.

Погледнете и кратко интервју со Кларк.