Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Емилија Кларк од „Game of Thrones“ покажа фотографии од болница по операцијата на мозокот и проговори како буквално се бореше за живот

Емилија Кларк од „Game of Thrones“ покажа фотографии од болница по операцијата на мозокот и проговори како буквално се бореше за живот

Емилија Кларк ги освои срцата на фановите на „Game of Thrones“ со улогата „мајка на змејовите“, но додека нејзината кариера и слава се движеа по нагорна линија, малкумина знаат дека таа двапати за малку ќе го изгубеше животот.

Англиската актерка преку есеј објави дека имала аневризми на мозок и активно продолжува да ја подигнува свеста за мозочните болести преку отворените интервјуа и започнувањето на добротворна организација.

Емилија Кларк

32-годишната ѕвезда од мегапопуларната серија предупреди дека аневризмата може да биде „темпирана бомба“. Еден ден, таа ненадејно почувствувала силна главоболка и тогаш започнала нејзината здравствена борба. „Утрото на 11 февруари 2011 година, се облекував во соблекувалната на теретана, кога започнав да чувствувам лоша главоболка. Бев толку уморна што едвај ги ставив патиките. Кога започнав да вежбам, морав да се форсирам себеси низ првите вежби. Тогаш, тренерот ме стави во планк позиција и веднаш се почувствував како ластик да ми го стега мозокот. Се обидов да ја игнорирам болката и да продолжам, но не можев. Побарав од тренерот пауза. Некако се довлечкав до соблекувалната и стигнав до тоалетот, паднав на колена и насилно и обилно повраќав. Во меѓувреме, болката се зголемуваше. На одредено ниво, знаев што се случува – мојот мозок беше оштетен.“

„Неколку моменти се обидував да ја совладам болката и гадењето. Си велев: ‘нема да бидам парализирана’ и ги движев прстите за да се уверам дека тоа е вистина. За да го зачувам сеќавањето, се обидував да се присетам и на реплики од Game of Thrones“ – раскажа Емилија за страшниот инцидент кога имала само 24 години.

Жена која случајно се нашла во соблекувалната ја слушнала и ѝ помогнала пред да биде префрлена во болница. Дијагнозата пристигнала брзо и на Емилија ѝ било кажано дека доживеала крварење и дека мора итно да биде оперирана.

Операцијата била минимално инвазивна и траела три часа. Закрепнувањето на Емилија не било лесно, бидејќи имало моменти кога таа не знаела да го изговори ни своето име. Но, за среќа, шест недели по операцијата се вратила на снимањето на втората сезона на GOT.

Емилија Кларк Емилија Кларк Емилија Кларк Емилија Кларк

Додека била во болница, ѝ кажале дека има мала аневризма на другата страна на мозокот која може да прсне во секое време. Но, бидејќи била мала, докторите се надевале на можноста да остане непроменета и да не е опасна.

Емилија тогаш се вратила на снимањето на GOT, иако се чувствувала ужасно. „Втората сезона ми беше најужасна. Не знам што правеше Денерис. Ако сум потполно искрена, секоја минута од секој ден мислев дека ќе умрам“ – признава таа.

Во 2013 година, за време на превентивно снимање на мозокот, докторите забележале дека аневризмата двојно се зголемила и ѝ препорачале на Емилија втора операција. „Со втората, мал дел од мојот мозок умре. Ако дел од мозокот не е снабдуван со крв околу минута, повеќе нема да работи. И ми се случи тоа. Буквално не знаеја што е... Делови од мојот череп беа заменети со титаниум. Деновиве не можете да ја видите лузната од мојот скалп до моето уво, но на почетокот не знаев дека нема да биде видлива“ – објаснува Емилија.

Емилија Кларк Емилија Кларк

Додека докторите се обидувале да утврдат дали ќе има проблеми со концентрацијата или видот, таа најмногу се плашела дека ќе ја изгуби способноста да глуми. За среќа, таа комплетно се опоравила и сега се обидува да ја подигне свеста за болестите на мозокот од овој тип.

Емилија Кларк

Првата епизода од последната сезона на „Game of Thrones“ ќе биде емитувана на 14 април.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19774 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.