Емилија Кларк го разубавува априлското издание на „The Hollywood Reporter“.
За списанието, ѕвездата од хит-серијата „Game of Thrones“ позираше пред објективот на Милер Мобли.



Во интервјуто за списанието, талентираната Британка објаснила зошто ја одбила улогата на Анастасија Стил во популарниот филм „Fifty Shades Of Grey“. „Не се каам. Се имав разголено и претходно, па ми беше страв дека ќе бидам етикетирана за тоа што се соблекувам повторно“ – рекла 28-годишната актерка.
„Се сметам за среќничка што можам да играм други улоги без да ме споредуваат со Денерис“ – додала Кларк, алудирајќи на трансформацијата во изгледот за „Game of Thrones“.


Кларк признала дека е во врска со Џај Кортни, со кого заедно глуми во филмот „Terminator Genisys“, но не открила повеќе детали за својот љубовен живот.



