Ева Лонгорија го разубавува февруарското издание на „Вог“ Мексико. 39-годишната актерка позираше во креации од модни куќи како Blumarine, Chanel, Lanvin и Nina Ricci.
За модниот едиторијал бил ангажиран фотографот Стоктон Џонсон, додека стилската визија е на Валентина Коладо.
Иако во последните неколку недели се засилија гласините дека Ева е бремена и дека планира свадба на Св. Валентин, таа ги негираше истите и истакна дека во моментов се фокусира на кариерата.
Следниот месец Лонгорија ќе го прослави јубилејниот 40. роденден. Во емисијата „Extra“ таа неодамна сподели како гледа на својата возраст. „Го сакам стареењето заради мудроста која ја добиваш. Посакувам да го имав овој ум и телото од времето кога имав 20 години“ – рекла таа низ насмевка.