Ева Лонгорија беше дел од гостите на хуманитарната гала на amfAR во Кан.
42-годишната актерка позираше и се забавуваше во друштво на сопругот Хозе Антонио Бастон и семејниот пријател Дејвид Бекам. За настанот, Лонгорија избра розова креација од Ели Сааб и сандали од Cesare Paciotti.











Ева и Хозе Антонио стапија во брак на 21 мај минатата година, а својата прва годишнина ја прославија во текот на Канскиот филмски фестивал.
На галата, Бекам помагаше при аукциите чија цел беше да се соберат средства за истражувања поврзани со СИДА.


