Ева Лонгорија е далеку од „очајна домаќинка“. 37-годишната актерка се соблече по долна облека за мексиканското издание на машкото списание „GQ“.
Вадејќи го на површина својот сексапил, привлечната бринета заводливо позираше пред фотоапаратот на Расел Славин.
Во интервјуто за списанието, таа зборуваше за динамичниот живот и за нејзиниот статус на секс симбол.
Освен што работи како актерка и продуцент, Ева ги привршува магистерските студии, а исто така е и политички активна. На прашањето како успева да постигне сè, таа одговорила: „Не запирам ниту една минута. Чувствувам како денот да ми трае 48 часа, сакам да бидам зафатена. Мајка ми израсна четири ќерки (од кои едната со посебни потреби), работеше како учителка секој ден, во 18 часот правеше вечера за татко ми и за нас и секое утро појадувавме заедно. Па, кога ја гледам мајка ми, си мислам: Не правам доволно.“
Не е тајна дека Ева е една од најсексапилните жени во светот. За овој статус на секс симбол, таа коментира: „Ах, секогаш се чувствувам поласкана кога ми го велат тоа! Се надевам дека луѓето ме перципираат како убава поради сето она што го правам, а е поврзано со хуманост и филантропија или политички активизам. Според мене, тоа ја дефинира убавината. Убавината воглавно лежи во карактерот, не на кожата.“
Погледнете и видео од снимањето: