Ева Лонгорија се соблече пред објективот на познатиот моден фотограф Јорк Вајсман. На фотографијата 37-годишната актерка лежи в кревет гола, свртена со грб кон фотоапаратот.
Фотографијата е за книгата на Вајсман „Asleep at the Chateau“, која покажува многу славни лица фотографирани во познатото холивудско место „Chateau Marmont“.
Вајсман досега соработувал со многу познати медиуми, како New York Times Magazine и Vanity Fair и ѕвезди како Ашер и Орландо Блум.