Ева Лонгорија е голем поддржувач на хуманитарните гали на „Global Gift“, непрофитна организација фокусирана на олеснување на животот на деца, жени и семејства.
На новата свеченост организирана од организацијата, 42-годишната актерка заблеска во златен фустан.
Креацијата со реси, во која ѕвездата од „Очајни домаќинки“ зачекори на црвениот тепих во Париз, е дело на модната куќа Marchesa.




На свеченоста, Лонгорија позираше пред бројните фоторепортери и со Памела Андерсон.





