Вчера беа наградени најдобрите во фудбалот според ФИФА, на манифестација која се одржа во Цирих, Швајцарија.
Водителка на настанот беше Ева Лонгорија, која привлече големо внимание со својот изглед. 41-годишната актерка ја истакна својата фигура во бел долг фустан дизајниран од нејзината добра пријателка Викторија Бекам.







Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ го водеше настанот заедно со германскиот водител Марко Шрејл.


Во текот на манифестацијата, на сцената ѝ се придружи и Диего Марадона за заедно да му ја доделат на Кристијано Роналдо наградата Најдобар фудбалер за 2016 според ФИФА.






Лонгорија сподели две фотографии од настанот на Instagram.