Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Ева Лонгорија во црно-бела креација на Зухаир Мурад во Мексико Сити

ФОТО: Ева Лонгорија во црно-бела креација на Зухаир Мурад во Мексико Сити

Ева Лонгорија присуствуваше на хуманитарна гала на „Global Gift Foundation“, непрофитна организација фокусирана на олеснување на животот на деца, жени и семејства.

На црвениот тепих во Мексико Сити, 38-годишната актерка зачекори облечена во црно-бела креација на Зухаир Мурад од колекцијата есен/зима 2013.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија

Пред добротворната свечена вечера, Ева присуствуваше и на прес-конференција.

Ева Лонгорија

Шармантната ѕвезда од серијата „Desperate Housewives“, која подолго време има блиска соработка со „Global Gift Foundation“, неодамна објасни дека нејзината сестра ја мотивирала да се занимава со хуманитарна дејност. „Израснав со сестра со специјални потреби. Таа е прекрасна личност и светлина во животите на сите во моето семејство“ – рекла Лонгорија.

Ова не е првпат Ева да избере креација на Мурад. Елегантните фустани на либанскиот дизајнер и во други прилики ѝ помагале на женствен начин да ја истакне својата фигура.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19040 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.