Пинк и сопругот Кери Харт го продаваат својот дом во Малибу. Куќата е објавена за продажба со цена од 14 милиони долари.
Познатиот пар во 2010 година се збогува со 11,8 милиони долари за да може да ужива на овој прекрасен имот со поглед кон Тихиот океан.
Куќата вклучува шест спални соби, шест бањи, пет гаражи и е опкружена со прекрасна градина со голем базен и џакузи.





Според сајтот за недвижности Trulia, имотот доаѓа заедно со пристап кон приватна плажа.


















35-годишната пејачка и 39-годишниот моторџија стапија во брак во јануари 2006 година и имаат едно дете, 4-годишната ќеркичка Вилоу.