Откако ја остави зад себе фудбалската кариера, Дејвид Бекам се посвети на улогата на родител. 40-годишниот Англичанец беше фотографиран во Лондон со ќеркичката Харпер и двата помали сина, Круз и Ромео.
Славното семејство беше во посета на продавница за скироли, а на некои од фотографиите се гледа како 13-годишниот Ромео ги покажува своите скејт-вештини.
Малата Харпер, која секогаш привлекува внимание со својот сладок изглед, носи црна облека, а косата ѝ е фатена во две ниски опавчиња.















