Се чини дека пазарот на бела техника, апарати и уреди за домаќинство никогаш не бил побогат. Сепак, можеме слободно да кажеме дека понудата не беше комплетна сѐ додека не ни се придружи водечкиот светски производител на премиум апарати за домаќинство, MIELE, кој од неодамна може да се најде во продажните салони и на веб-страницата на Нептун Македонија.
MIELE е основана во 1899 година во Германија, како семејна компанија која од своето основање, па до денес, има само еден императив; Да биде најдоверлив и најпосакуван премиум бренд во светот. Оваа деловна филозофија се отсликува во секој нивен производ, преку стандардот за издржливост, перформансите, енергетска ефикасност и дизајнот.

Основачите Карл Миеле и Рајнхард Зинкан својот водечки принцит „Immer Besser“ или „Засекогаш подобро“ го втиснале и во своите први уреди, но е принцип кој го карактеризира MIELE до ден-денес.
Една од клучните карактеристики на сите Miele апарати, е тоа што се тестирани да траат до 20 години, што најдобро ја покажува бескомпромисната посветеност на квалитетот. Пред да го напушти производствениот погон, апсолутно секој произведен дел, а не само случаен примерок, поминува низ бројни анализи и тестови.Најголем дел од своите апарати и резервни делови Miele ги произведува во Германија што е особено важно за производите кои бараат врвен квалитет.
Од неодамна оваа фасцинантна технологија и премиум производи може да се најдат и во Нептун, кој е овластен дистрибутер на Miele. Она по што ќе ги препознаете Miele апаратите се чисти линии, безвремена елеганција, внимателно координирани линии и опции за бои, за да одговараат на широк спектар на дизајни на кујнскиот мебел. Што се однесува до изработката, Miele и тука останува доследен на својот основен принцип; Апаратите и уредите ги отсликува богатството на иновативни функции, прецизност и големо внимание посветено на деталите.
Секој од производите на Miele е креиран според највисоките стандарди и подлежи на строги контроли на квалитетот, што одново укажува на посветеноста и пристапот дека ништо не е поважно од тоа долго време да уживате во својот Miele производ.
Дополнително, за гарантираната долговечност, грижа за производите и сервис, овластен е Сервис Македонија.
Проверете ги Miele производите и ќе се уверите во она што значи „Засекогаш подобро“ или ветувањето на Mieleдека ќе направи сѐ што може за секогаш да биде подобар од конкуренцијата и стремеж да биде уште подобар од претходно. Тоа за купувачите значи само едно; Спокојство и уверување дека Mieleнесомнено е најдобрата одлука, можеби и одлука за цел живот.
Комерцијален текст