Почетна » Новости » Актуелно » Со интервенцијата од д-р Митрев избегната ампутација на нога кај пациент од Хрватска

Со интервенцијата од д-р Митрев избегната ампутација на нога кај пациент од Хрватска

На 64-годишен пациент од Хрватска му е спасена ногата од ампутација со интервенција направена од д-р Митрев. Слободан Кујунџиќ од малото Истарско место Бузет дојде во „Клиника Жан Митрев“ по неколку направени операции во Хрватска, два периферни бајпаса на десната нога и се соочуваше со можност неговата нога да биде ампутирана. Пациентот имаше проблеми со протокот на двете артерии на десната нога, но и покрај постојаните болки од тамошните лекари му било кажано дека сите опции се веќе исцрпени и дека ногата треба да биде ампутирана.

На Кујунџиќ, д-р Митрев му направи тробендеректомија на заедничката површинска и длабоката феморална артерија и реконструкција со премостување десно со сопствена вена од левата нога. Интервенцијата помина успешно и ногата на пациентот е спасена.

Клиника Жан Митрев

„По пребарување на интернет ги прочитав сите пофалби за Клиника Жан Митрев и се уверив дека докторите се стручни. Исто така, стапив во контакт со пријател со истиот проблем на кој д-р Митрев, исто му ја спасил ногата и кој ми ги пренесе сите позитивни искуства. Тоа беше последниот знак дека ако сакам да се излечам морам да дојдам во оваа клиника“, вели Кујунџиќ.

Видео

По интервенцијата, среќниот Хрват се врати дома подвижен и подготвен да продолжи со своето секојдневие.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23591 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.